Дома Фудбал Барселона спреми нов договор за Гави

Барселона спреми нов договор за Гави

Барселона сака да го обнови договорот со 17-годишниот играч за врска Гави што е можно побрзо, пренесува „АС“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Раководсвото на каталонскиот клуб веќе спремила понуда за својот „бисер“ и наскоро ќе започне преговори.

Барселона му нуди на Гави нов 5-годишен договор со значително зголемување на платата и откупна клаузула од 1 милијарда евра, исто како на Анси Фати.

Гави е еден од најголемите шпански таленти, веќе е стандарден шпански репрезентативец и му се предвидува блескава иднина.

Пред неколку месеци Гави дебитираше за Барселона, набрзо потоа доби и повик во репрезентацијата на Шпанија, а и кај Чави сигурно ќе биде еден од главните играчи во средниот ред.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Иран херојски ја запре Белгија

Националните тимови на Белгија и Иран одиграа реми 0:0 во Инглвуд, Калифорнија, во вториот…