Дома Видео Шпанија и Барселона можат да биде среќни: 17-годишниот Гави блескаше против Шведска 🎥

Шпанија и Барселона можат да биде среќни: 17-годишниот Гави блескаше против Шведска 🎥

Репрезентацијата на Шпанија вчера на свој терен славеше против Шведска и успеа да се пласира директно на Светското првенство.

На Шпанците им беше доволен и бод во Севиља да се пласираат директно во Катар, но на крајот славеа со 1:0 и ги решија сите дилеми околу тоа кој оди директно на Мундијалот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Луис Енрике изгледа дека конечно успеа да направи одлична генерација и многумина веруваа дека Шпанците ќе бидат едни од фаворитите во Катар. Енрике им даде шанса на младите играчи, а посебно се истакна тинејџерот на Барселона, Гави.

Пред неколку месеци Гави дебитираше за Барселона, набрзо потоа доби и повик во репрезентацијата на Шпанија. Кај Енрике Гави изгледа веќе е член на првиот состав на „Црвената Фурија“, вчера против Шведска играше од првата минута.

И Енрике не погреши што му даде шанса. Младиот фудбалер одигра одличен натпревар, а многумина со потезите ги потсетува на легендарниот играч за врска на Барселона Андрес Иниеста.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Реал приреди епски пресврт и повторно е во финале🎥

Реал Мадрид се пласираше во финалето од Лигата на шампиони, откако после драма го победи Б…