Дома Фудбал Останато Мбапе: Пеналот со Швајцарија и пропаднатиот трансфер летово ме направија посилен

Мбапе: Пеналот со Швајцарија и пропаднатиот трансфер летово ме направија посилен

Французинот Килијан Мбапе игра во одлична форма, а на последниот натпревар за Франција во квалификациите за Светското првенство против Казахстан постигна хет-трик.

Зад себе Мбапе има едно бурно лето во кое промаши одлучувачки пенал против Швајцарија, а и не успеа да направи трансфер во Реал Мадрид и покрај понудите кои пристигнуваа за него. Сега напаѓачот вели дека тие ситуации биле тест за неговата зрелост како личност.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Се што се случуваше во изминатото лето ме направи посилен. Промашувањето на одлучувачкиот пенал, потоа пропадниот трансфер…Сето тоа се собира во вашиот ум и е тест за вашите граници. Мислам дека одговорив на најдобар начин“.

„Сега имам погоелма самодоверба од претходно и посветен сум да одиграм една добра сезона, знам дека сум способен за такво нешто. Не можам да кажам многу за мојата иднина. Сега сум во Париз и продолжувам да уживам во секој момент“, заврши Мбапе.

Како и да е очекувањата се во следното лето тој да стане играч на Реал Мадрид откако ќе заврши неговиот договор со ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Играч на бразилски второлигаш кој се бори за опстанок го сруши Бразил

Бразил ја забележа својата шеста загуба во квалификациите за Светското првенство 2026 годи…