Дома Фудбал Италија Абрахам: Мурињо од мене направи да бидам чудовиште на теренот

Абрахам: Мурињо од мене направи да бидам чудовиште на теренот

Англискиот напаѓач Тами Абрахам од ова лето е член на Рома каде што пристигна по барање на португалскиот стратег Жозе Мурињо.

Абрахам одлично ја започна својата епизода, но потоа се соочи со проблеми, меѓутоа кога се ќе се собере може да се заклучи дека остави позитивен впечаток во Рим. За неговите добри настапи големи заслуги има Мурињо.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Една од работите што ми ги кажа Мурињо е дека сум премногу добар како играч и да покажам агресивност – да бидам чудовиште! Не е секогаш да бидете добар само кога е топката до вас. Потребно е да имате агресивност во вас и да ги плашите дефанзивците, да ги натерате и да погрешат. Тоа е нешто на кое работам и се подобрувам“, изјави Абрахам.

За Рома Абрахам постигна пет гола и подели све асистенции во 17 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Поранешниот репрезентативец на Англија го „пецна“ Роналдо: Кога легне да спие помисли „ Би сакал да бидам добар како Меси“

Џо Кол, поранешен англиски репрезентативец, изјави дека ривалството со Лионел Меси одиграл…