Дома Македонски спорт „Имаме план, очекувам поинаков натпревар од оној во Рејкавиќ“

„Имаме план, очекувам поинаков натпревар од оној во Рејкавиќ“

Македонија утре ја очекува последниот натпревар во квалификациите за Светското првенство во кој имаме прилика со победа да обезбедиме бараж.

Селекторот Милевски очекува поинаков натпревар од оној во Рејкавиќ и се надева на помалку индивидуални грешки.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Имаме план, индивидуалните грешки се составен дел од спортот и не можеш да ги предвидиш. Ги има во секој натпревар и се надевам дека ние ќе ги направиме помалку. Очекувам различен натпревар од тој во Рејкавиќ. Не знам дали ќе играат дефанзивно како со Ромнија, но како што кажав ние имаме наш план и се надеваме дека ќе го реализираме“.

„Исланд е поинаков тим, имаат различен профил на играчи. Не можам да кажам премногу на таа тема. Утре ќе видиме како ќе се одвиваат работите“, истакна Милевски.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Аморим залудно се убедуваше со управата – нема да ја остварат желбата вредна 46 милиони евра

Рубен Аморим не успеа да го убеди Манчестер Јунајтед да направи голем чекор за ѕвездата на…