Италијанскиот гигант Милан започнал преговори со ѕвездата на Лил и португалски репрезентативец Ренато Санчез.
24-годишниот играч за врска ја „оживеа“ својата кариера во Лил и е мета на многу европски гиганти.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Санчез одигра одлично и на Европското првенство, а моментално се опоравува од повреда и наскоро ќе се врати на терените.
Милан е во потрага по засилување за средниот ред и во него гледа идеална алтернатива за Кеси, па веќе започнал преговори со неговиот агент Жорге Мендеш.
„Росонерите“ се спремни да испратат понуда од 35 милиони евра за да го донесат на „Сан Сиро“ португалскиот репрезентативец.