Македонија вчера во Ереван забележа голема победа од 0:5, за потоа Романија да одигра само 0:0 со Исланд и да не остави сами да решаваме за баражот за СП во недела дома со Исланд.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Енис Барди вчера за првпат како капитен ја предводеше Македонија, а успеа да стигне и до својот прв хет-трик во репрезентативниот дрес. Со тоа Барди стана само петтиот македонски фудбалер во историјата кој постигнал хет-трик за националниот тим.
По натпреварот Барди за спомен ја доби топката од натпреварот кој сигурно вечно ќе го памети.