Од 13:00 часот репрезентацијата на Македонија до 21 година го одигра натпреварот од квалификациите за Европското првенство против Украина.
Натпреварот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ започна изедначено без многу прилики на двете страни, се играше повеќе на средината од теренот. Првата голема шанса ја има гостите кога по една контра ја погодија пречката од голот на Денковски.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Украина до водство стигна преку Олександар Сирјота во 43. минута. По еден корнер дефанзивецот на Украинците беше највисок во нашиот шеснаестник и ја смести топката во мрежата.
— Stefan (@StefanDaskalov) November 11, 2021
Со тој гол Украина обезбеди предност на полувремето.
На стартот од вториот дел изгледаше како гостите уште повеќе да притиснаа. Меѓутоа по една грешка во нивната одбрана, Томче Гроздановски украде топка и излезе еден на еден и го матираше голманот Трубин.
— Stefan (@StefanDaskalov) November 11, 2021
Во 77. минута ние пропуштивме одлична преку Флорент Рамадани кој во игра влезе на местото на стрелецот на голот Гроздновски. Само две минути подоцн Лука Станковски упати удар надвор од шеснаесетникот но неговиот удар заврши над голот. Впечаток беше дека од влегувањето на Станковски во 53. минута започнаме да играме покративно и да создаваме повеќе прилики.
До крајот Украина притисна во последните минути и создадоа неколку добри прилики, погодена беше и по вторпат пречката на Денковски, но резултатот не се промени. Со ова реми ние остануваме трети на табелата со шест бод, Украина има 10 и и Франција исто така 10 со натпревар помалку. Зад нас се Фарски Острови, Србија и Ерменија.
Следниот натпревар Македонија повторно го игра на домашен терен на 16-ти ноември против лидерот и фаворитот во групата селекцијата на Франција.