Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Пол Погба ќе стави потпис на нов договор, но само доколку му биде исполнет еден важен услов.
Според „Екип“ Французинот сака да добива поголема плата од Кристиано Роналдо и да стане најплатен фудбалер на „црвените ѓаволи“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Откако ова лето Роналдо се врати на „Олд Трафорд“ стана најплатен фудбалер во клубот. Португалецот неделно заработува 480.000 фунти, а Погба во моментов има неделна плата од 290.000 фунти.
Договорот на Погба истекува на лето и тој веќе одби неколку понуди за продолжување на соработката. За него интерес покажуваат неколку европски гиганти, но е спремен да потпише нов договор доколку Јунајтед ги задоволи неговите финансиски барања.