Денес селекторот Благоја Милевски одржа прес-конференција пред утрешниот натпревар против Ерменија на гостински терен во Ереван.
Милевски смета дека и Македонија и Ерменија имаат еднакви шанси за тоа второ место и очекува добар натпревар кој ќе го решаваат детали.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
„Мислам дека и Ерменија и Македонија имаат еднакви шанси за тоа втора место. На двете екипи им треба победа и очекувам да гледаме еден добар натпревар. Натпреварот во Скопје помина во наша доминација, но за жал не реализиравме, сега очекуваме поинаков натпревар“.
И во овој циклус се соочуваме со проблеми со повредите.
„Секако дека повредите прават проблеми, но сите што се тука се спремни да одговорат на предизвикот. Можеби има влијание што констатно имаме проблеми, меѓутоа што е тука е. Ние сме во фаза на создавање на тим и сето ова е во функција на тоа. Нормално дека не се откажуваме ќе се обидеме да ја искористиме секоја и најмала шанса за тоа второ место“.
На последните три гостувања во Ерменија, Македонија има три порази.
„Спортски е да се надеваш дека ќе победиш на секој натпревар, ќе повторам дека ние сме сконцентрирани на нашата игра“.
Натпреварот помеѓу Ерменија и Македонија е закажан со почеток во 18:00 часот.
Фото: ФФМ