Дома Фудбал Англија Нема кечап, мајонез, шеќери…Конте воведува строг режим во Тотенхем

Нема кечап, мајонез, шеќери…Конте воведува строг режим во Тотенхем

Aнтонио Конте неодамна седна на клупата на Тотенхем, а изгледа дека Италијанецот не е задоволен со формата на дел од играчите, па ќе ја промени исхраната.

Конте смета дека одредени фудбалери имаат вишок килограми кои под итно мораат да ги намалат и тоа им го кажал директно. Конте ќе им забрани на фудбалерите да користат мајонез, кечап, шеќери…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Секој фудбалер мора физички да напредува за да се вклопи во мојата идеја на фудбалот. Мора да го зголемат својот капацитет…Два или три дена тренинг е премалку да одговориме на сите прашања кои не мачат. Се надевам дека ќе останеме посветени и ќе мораме негативните работи да ги претворивме во позитивни“, изјави Конте.

Во овој момент Тотенхем е деветти на табелата, а бидејќи клубот има поголеми амбиции „петлите“ ќе мораат веднаш да почнат да освојуваат бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Белингам ги избра најдобрите двајца фудбалери со кои играл

Реал Мадрид пред почетокот на сезоната во рекорден трансфер од 103 милиони евра во своите …