Дома Фудбал Кутињо се огласи: Никогаш не сум покажал непрофесионалност

Кутињо се огласи: Никогаш не сум покажал непрофесионалност

Бразилскиот фудбалер, Фелипе Кутињо ги демантираше информациите дека во натпреварот Барселона – Селта одбил да влезе во игра од клупата за резерви.

Во одличен натпревар Барселона и Селта ги поделија бодовите 3:3, а откако судијата означи крај во шпанските медиуми се појави информација дека Кутињо одбил да влезе во игра. Но, бразилскиот фудбалер ги демантираше тие информации истакнување дека никогаш во кариерата не се однесувал професионално.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Бев многу изненаден кога ја видов таквата вест затоа што никогаш во кариерата не сум покажал непрофесионалност. Каде и да бев, секогаш се однесував со почит. Новинарите секогаш веруваат многу работи“, истакна Кутињо дека му е тешко да се врати после повредата.

„Тешко е да се пропушти толку долг период, но се чувствувам добро. Сега сум во нормална физичка состојба и не чувствувам болка. Сега е време да ја пронајдам својата најдобра форма“, заврши Бразилецот.

Ќе потсетиме, оваа сезона 29 годишникот во дресот на Барселона одигра 11 натпревари и постигна еде нгол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баерн пронајде замена за Кејн во Премиер лигата?

Баерн Минхен наводно го следи брзиот развој на Брајан Бробеј и разгледува летен трансфер з…