Дома Топ вести Јувентус тргнува по ѕвездата на Бенфика

Јувентус тргнува по ѕвездата на Бенфика

Напаѓачот на Бенфика, Дарвин Нуњес ја воодушеви фудбалската јавност и е на мета на многу европски гиганти.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


22-годишниот уругвајски репрезентативец игра одлично, но во договорот има откупна клаузула од 150 милиони евра, а Бенфика сигурно нема да сака лесно да се откаже од него.

Бенфика минатата година за потписот на Нуњес плати 24 милиони евра, а неговата цена драстично порасна во моментов.

Италијанските медиуми пренесуваат дека најсилен интерес за напаѓачот покажува Јувентус и „бјанконерите“ веќе имале контакт со неговиот агент.

Алегри сака да го засили нападаот, особено поради фактот што не е задоволен од Мората и верува дека Нуњес ќе биде идеално решение.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…