Дома Македонски спорт Мак фудбал ПМФЛ: Бајрами го реши „својот“ Шкупи, Шкендија е главна во Тетово, „пандевци“ убедливи против Работнички!

ПМФЛ: Бајрами го реши „својот“ Шкупи, Шкендија е главна во Тетово, „пандевци“ убедливи против Работнички!

Денес од 13:00 часот се одиграа натпреварите од 13. коло во македонската прва лига.

Лидерот Шкупи после серијата победи денес беше изненаден на гости кај Македонија Ѓорче Петров која е предводена од поранешниот стратег на чаирчани Мухарем Бајарами. Мечот во Ѓорче заврши со победа за домаќините од 2:1. Во првиот дел од оваа средба не видовме погодоци, сите три се постигнаа во второто. Прво Адем ги доведе домаќините во предност во 67. минута, а само четири минути подоцна Шкупи преку Марко Ѓорѓиевски го изедначи резултатот. За само втор пораз во сезоната за Шкупи се погрижи Филиповски во последните моменти од натпреварот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Градското дерби во Тетово беше одлучено со еден гол. После само 10 минути Ренова остана со играч помалку откако директен црвен картон заработи Абдула. Моментот кој го одлучи натпреварот се случи во 23. минута кога Гури го матираше голманот на Ренова.

Академија Пандев денес беше најубедлива и немаше никакви проблеми против Работнички на Арената во Скопје. Резултатот беше отворен уште во седмата минута. После одличниот слободен удар и одбраната на Јанков на вистинско место се најде Крстевски кој погоди за 1:0. До крајот на првото полувреме фантастичниот Мартин Мирчевски стигна до својот 12. и 13. гол во сезоната. Тие 0:3 се покажаа и како конечни.

Во Кавадарци се играше „дерби на дното“ помеѓу Тиквеш и Борец, а на крајот се радуваа домаќините и тоа со пресврт. Љума после дваесетина минути игра ги доведе велешани во предност, за пред крајот на првиот дел Ивановски од пенал да го изедначи резултатот. Веднаш на стартот од вториот дел после само две минути игра Христов стрела за 2:1 и важни бодови за Тиквеш.

Кризата на Пелистер продолжи и денес во натпреварот со Струга. На домашен терен пелистерци беа поразени со 0:1. Малески го постигна единствениот гол на натпреварот во 27. минута. Ќе потсетиме Пелистер е единствениот тим во македонското првенство кој после 13. кола е без победа со четири постигнати гола и 18 примени.

Во Штип Брегалница го пречека Скопје и дојде до победа од 2:1. Стојанов постигна убав гол пред крајот на полувремето, а изедначи Јашаровски од пенал на 15-тина минути до крајот. Конечните 2:1 беа поставени во самиот финиш од натпреварот, погодо Ѓокиќ.

Фото: ФК Македонија Ѓорче Петров

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…