Александар Стоилов, 21-годишниот фудбалер кој настапува во Германија за тимот на Македонија Штутгарт дојде до реномираниот „Кикер“.
Стоилов настапува за тимот на Македонија Штутгарт и на последниот натпревар постигна дури 13 гола во победата на неговиот тим од 17:0 против Шлуслихт Германија Дегеррлохт. Тој можел да постигне и повеќе гола затоа што 10 постигнал за едно полувреме.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Тренерот Живко КОлев сакаше да ме замени уште на полувреме. Ми зборуваше – доста ти се 10 гола. Сепак, јас сакав да продолжам, во второто полувреме ме чуваа двајца-тројца противнички играчи и ме спречија да постигнам повеќе голови“. Изјави Стоилов.
Интересно е што ова не е негов рекорд затоа што против Туркспор кога победиле 21:6 постигнал 15 гола. Неговата цел е да стигне до 100 гола во една сезона.
Тимот Македонија Штутгарт е составен од играчи со македонски корени, а заедно со Стоилов настапуваат негови тројца братучеди, додека вујко му е помошник.