Младата ѕвезда на Борусија Дортмунд Џуд Белингем објави твит во врска со можноста за негов трансфер во Ливерпул, но набрзо се „покаја“.
Белингем е еден од најталентираните играчи во Европа и за овој 18-годишен фудбалер се интересираат многу европски гиганти, меѓу кои и Ливерпул.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Откако медиумот „FourFourTwo“ објави дека гигантот од Енфилд го посакува, младиот англиски репрезентативец на твитот на магазинот објави гиф во кој слатко се насмеа.
Очигледно, Борусија веднаш му порачала дека на ниту еден начин не треба во јавноста да коментира за трансфер приказни, поради што мораше да го избрише твитот.
Белингам има договор со Борусија до 2025 година, а во клубот пристигна од Бирминген во 2020 година за 20 милиони фунти.