Наполи игра одлично од почетокот на сезоната и го држи врвот во Серија, па нормално е да се наметнуваат коментарите за Скудетото.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас во интервју за „Радио Наполи“ истакна дека е рано да се зборува за Скудето.




„Добро ни оди со новиот тренер, се сменија работите со Спалети. Функционираме како вистинска екипа. Затоа сме посилни, сепак раное да се зборува за Скудетото. Интер и Милан се силни ривали, одиме чекор по чекор“, изјави Елмас.




Наполи во вчерашниот натпревар на гости против Салернитана ја забалежа 10-тата победа во 11. коло, еден натпревар одиграа реми.