Дома Фудбал Нова повреда во Челзи

Нова повреда во Челзи

Хрватскиот фудбалер Матео Ковачиќ доживеа повреда на тетивата поради која нема да се враќа на терените до завршувањето на репрезентативната пауза, потврди Томас Тухел.

Челзи утре гостува кај Њукасл и ќе биде без повредените Тимо Вернер и Ромелу Лукаку, а сега на нив им се придружи и Ковачиќ кој во претходниот дел од сезоната беше еден од поважните во тимот на Тухел.

Ковачиќ оваа сезона беше вистински „box-to-box“ играч и често учествуваше во завршницата од нападите и беше еден од најдоминантните при создавањето на шанси, добиени дуели и слично.

Покрај натпреварот со Њукасл, Ковачиќ ќе ги пропушти дуелите против Малме и Барнли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Легендите не му веруваат на Дортмунд: Ковач пред речиси невозможна мисија во Минхен

Баерн и Борусија го чекаат дербито израмнети на врвот, но Матеус и Самер гледаат огромна р…