Дома Фудбал Нема повеќе дилеми, Марез утре на лекарски прегледи во новиот клуб (Фото)

Нема повеќе дилеми, Марез утре на лекарски прегледи во новиот клуб (Фото)

Повикувајќи се на тврдењата на новинарот, Мохамед Алкавалени, Ријад Марез од утре ќе биде дел од својот нов клуб.

Веќе некое време е познато дека Алжирецот посакува да го напушти Лестер. Управата на клубот сфати дека нема причина со еден од најистакнатите играчи во историјата на клубот да расправа, па постави цена и очекува купувачи.

Рома прва се јави, испрати понуда тешка 38 милиони евра, што е за два помалку од цената која управата на „Лисиците“ ја бара.

Изгледа дека компромис има, со оглед на тоа дека Ријад Марез е фотографиран во просториите на клубот од „Олимпико“ во новите бои, а утре се очекува да ги заврши лекарските прегледи, во пресрет на финализирање на неговиот трансфер во редовите на Рома.

Тимот од италијанската престолнина така ќе го добие најголемото летно засилување, а воедно и најскапото засилување во историјата на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ѓозубујук на центарот во Скопје, Словенија доаѓа по второто место

Холандска судиска екипа ќе го води последниот дуел на Македонија во групната фаза од Лигат…