Агентот на фудбалерот на Рома Амаду Диара, Даниеле Пиарино го обвини Жозе Мурињо за лошата атмосфера во клубот.
Португалецот после дебаклот од Бодо Глимт (6:1) острасни четворица фудбалери, посочувајќи ги како најголеми виновници за поразот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мурињо после мечот изјави дека резервистите не се покажале и дека имам максимум 13 играчи на кои може да смета.
„Специјалниот“ ги отстрани Дијавара, Борха Мајорал, Виљар и Брајан Рејнолдс, кои нема да бидат во тимот за мечот со Каљари.
„Не разбирам каква порака сака да пренесе со овој потег. Дали Дијавара плаќа скапа цена што погреши? Или тоа е обид клубот да се натера да биде активен на трансфер пазарот? Мислам дека Мурињо ја нарушува атмосферата во клубот“, изјави агентот.