Иако сега ќе наполни 21 година Алфонсо Дејвис уште сега е еден од најдобрите леви бекови во светот.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Дејвис во овој момент настапува за Баерн каде што доживеа целосна играчка афирмација, а со овој клуб веќе успеа да ја освои и Лигата на шампионите. На патот до титулата таа година Баерн во еден неверојатен натпревар ја победи Барселона со 8:2. За Канаѓанецот еден момент од тој меч е посебен.




Лионел Меси е идол на Дејвис и во текот на натпреварот Аргентинецот му пружи рака да му помгоне да стане,
„Лионел дојде и ми помогна да станам. Засекогаш ќе се сеќавам на таа сцена. Ќе си ја урамам таа фотографија“, изјави тогаш Дејвис.




Сега на една негова објавена фотографија во позадина може да се види дека Дејвис навистина го направил она што го ветил.
Alphonso Davies kept his promise 🤞
— ESPN FC (@ESPNFC) October 26, 2021
(h/t @BarcaWorldwide) pic.twitter.com/nVZ8vXpjGg