Во последниот период многу се коментира за можни промени во светскиот фудбал, а позната и „војната“ меѓу ФИФА и УЕФА околу планираното Светското првенство на две години од страна на ФИФА. Сега нова идеја имаат челниците на европската куќа на фудбалот.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Италијанската „Газета“ објави дека УЕФА размислува да ги покани Бразил и Аргентина да играат во Лигата на Нации како најголеми репрезентации од Јужна Америка. Ова би било дел од соработката на УЕФА и КОНМЕБОЛ, двете конфедерации кои остро се спротиставуваат за идејата на Мундијал на две години.




Планот е Бразил и Аргентина да бидат дел од завршницата на фајнлфор турнриот, каде што би имало две групи по три селекции и по две селекции би обезбедиле полуфинале. Сепак, има и друга опција, тоа е да бидат дел од групната фаза. Тоа и не би било толкав проблем затоа што скоро сите репрезентативци и на двете селекции играат во Европа, па лесно би се собрале, дури голем дел од нив би имале пократки патувања. Единственото нешто кое ќе треба да се реши е што терминот се поклопува со мунидјалските квалификации.