Од Пари Сент Жермен го сакале младиот талент на Барселона, Ансу Фати како замена за Килијан Мбапе, соопштува „Мундо Депортиво“.
Договорот на Ансу Фати истекуваше на крајот на сезоната, а опцијата Барселона автоматски да го продолжи договорот на уште две години била нејасна, па ПСЖ стапил во контакт со неговиот агент Жорге Мендеш.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Светците“ биле спремни да понудат богата понуда за да го добијат 18-годишниот талент на крајот на сезоната без обештетување, притоа му нуделе 30 милиони евра бонус при потпишувањето.
Во ПСЖ сметале дека 18-годишниот талент ќе биде идеален наследник на Килијан Мбапе, кој на крајот на сезоната најверојатно ќе замине како слободен агент.
Меѓутоа, Фати стави потпис на нов договор со Барселона и се обврза на верност со Каталонците до 2027 година, а во новиот договор има откупна клаузула од 1 милијарда евра.
Фати призна дека имал и други понуди, а покрај ПСЖ, понуди до него испратиле уште Ливерпул и Манчестер Јунајтед.
Ansu Fati rejected PSG to renew for Barça. They offered him a 30M signing bonus, as well as a net salary of 15M per season.
— Barça Universal (@BarcaUniversal) October 22, 2021
— @mundodeportivo pic.twitter.com/3Qq3VKZdIT