Eлиф Елмас од доаѓањето на Лучијано Спалети на клупата на Наполи добива значително повеќе простор за игра отколку што тоа беше случај кај Џенаро Гатузо.
Спалети веќе неколку пати посочуваше дека е воодушевен од македонскиот репрезентативец и затоа не е ни чудо што Елиф добива поголем простор. Освен што Елмас повеќе игра и Наполи има супер старт во Серија А и засега е перфектен со осум победи во осум натпревари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Во Наполи нема прв и втор тим. Сите играме за овој клуб и сите сакаме да победиме, тоа е нашата главна цел. И пред натпреварот со Легија знаевме дека ќе победиме и на кирајот успеавме. Знаеме дека кога ќе истрчаме на теренот мораме да дадеме се од себе за да дојдеме до победата. Секоја победа за нас е важна“, изјави Елмас за „Скај Спорт“.
Ќе потсетиме, Елмас во Наполи е веќе трета сезона, а дојде од редовите на Фенербахче.