Ваквите работи за Мурињо не се ништо ново, Португалецот е познат по провокациите кон ривалите.
Италијанскиот стратег на клупата на Челзи, Антонио Конте, предупреди дека тимот мора да остане фокусиран и да не размислуваат за минатата сезона во која ја освоија титулата во Англија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не смееме да дозволиме да ни се случи нешто што му се случи на Челзиз во втората година на Мурињо, кога Челзи после одличната година и титулата заврши на десетото место. Такво нешто не смее да се повтори“, изјави Конте.
Португалецот ова го сфати како лична провокација. Мурињо му замеруваше на Конте и во минатата сезона кога Италијанецот славеше со публиката и на провокативен начин бараше поддршка од навивачите при резултат 4:0.
Познато е и дека Мурињо имаш конфликт кој малку недостасуваше да прерасне во физичка пресметка со помшникот на Конте кога тимовите се сретнаа на „Олд Трафорд“.
Но, Мурињо не премочи на провокациите од Конте.
„Можам да одговорам на многу начини, но навистина не можам себе си да си дозволам да губам коса поради Антонио Конте“, изјави Мурињо.
Јасно е во прашање е личен напад, Антонио Конте по завршувањето на фудбалската кариера си пресади коса и поради тоа често беше мета на противничките навивачи додека го предводеше Јувентус.
Се сеќавате веројатно на ситуацијата кога половина „Артемио Франки“ се појави со перики во дуелот со Јувентус, но и со натписи “Вратија преиката на фризерот“…
Сега јасно е на што алудираше Мурињо, па ова веќе станува лична пресметка.