Дома Фудбал Франција Роналдињо прифати да биде гостин на ПСЖ и ги налути фановите на Барселона

Роналдињо прифати да биде гостин на ПСЖ и ги налути фановите на Барселона

ПСЖ вечерва на свој терен игра против Лајпциг во натпревар од третото коло во групната фаза од Лигата на шампионите.

Парижаните вечерва се големи фаворити, но сигурно дека Лајпциг ќе даде се од себе за да дојде до првите бодови сезонава во најелитното европско натпреварување. Вечерва „Паркот на принцовите“ ќе биде исполнет до последното место, а француските медиуми најавија дека ќе присуствува и Роналдињо.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Роналдињо своевремено играше за ПСЖ од каде што во 2003 година премина во Барселона. Легендарниот Бразилец добил поикана од клубот од Париз да биде гостин на вечерашниот натпревар и тој повик го прифатил. Меѓутоа таквиот потег на Роналдињо не им се допаднал на навивачите на Барселона.

Навивачите на Барселона порачаа дека човек кој е амбасадор на нивниот клуб не би смеел да биде почесен гостин на други клубови и за нив однесувањето на Роналдињо е непримерно. Посебно се лути и што Роналдињо јавно го одобри потпишување на Меси за ПСЖ и изрази задоволство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…