Дома Фудбал Фати е најдобриот 18-годишник во историјата на Барселона

Фати е најдобриот 18-годишник во историјата на Барселона

Роналд Куман на почетокот на сезоната тврдеше дека му недостасува играч како Ансу Фати, а кога 18-годишникот се врати на терените после 11 месеци пауза се покажа и зошто мислел така.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Фати после враќањето во четири натпревари постигна два гола. Голот против Валенсија во неделната победа му беше вкупно 13. во првенството за Барселона. Со тој гол „Марка“ истакна дека Фати го срушил клупскиот рекорд и сега има најмногу постигнати голови во историјата на Барселона до 19 години.

Досегашниот рекорд го држеше Бојан Кркиќ кој постигна 12 голови пред да наполни 19 години, Меси не се истакнуваше толку во тој период и постигнал седум гола. Аргентинецот почна да погодува следните две години, па 21 роденден го дочека со 42 гола.

Фати 19 години ќе наполни на 31. октомври и до тогаш има уште три натпревари во Ла Лига, па ќе може да го поправи својот рекорд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рангник повторно не се договори со Милан

Селекторот на Австрија Ралф Рангник најверојатно ќе ја задржи својата позиција на чело на …