После поразите во првите две кола од Лигата на шампионите Милан го чекаат натпревари со Порто кои ќе бидат и тоа како важни за иднината на „росонерите“ во ова натпреварување.
Милан по споменатите два порази е на дното на табелата, а сега го чекаат два натпревари со Порто. Првиот го играат на гости утре.




Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
„Ќе се соочиме со еден силен и компактен тим. Имаат брзи напаѓачи и добар тренер, ќе биде тоа натпревар на највисоко ниво. Овие два натпревари ќе бидат клучни за крајниот исход“.




Ибрахимовиќ нема да почне од првата минута.




„Златан е подобро, но нема да може да почне од првата минута утре. Сепак, важно е да го имаме во добра кондиција. Загубивме на првите два натпревари и сега мораме да сме максимално фокусирани да не си дозволуваме грешки“, изјави Пиоли.




Натпреварот од третото коло против Порто Милан го игра утре со почеток од 21:00 часот.