Една од главните теми овие два дена во спортските медиуми е ситуацијата помеѓу Ванда и Мауро Икарди.
Ванда го обвини својот сопруга Мауро дека ја изневерил, а француските медиуми објавија дека фудбалерот имал афера со аргентинската актерка Чина Суарез. Се започна во саботата кога Ванда на Инстаграм објави стори на кое пишуваше:
Тен Хаг замина, во Манчестер журка! ↓↓↓
„Уште едно семејство кое го уништи поради ку*ва“, напиша Ванда и потоа ги избриша сите фотографии со Икарди.
Потоа Ванда со семејството отпатува во Милано, но по неа дојде и Икарди кој доби дозвола од ПСЖ да не тренира. Икарди објави заедничка фотографија и го честиташе денот на мајката и изгледаше дека парот се смирил.
Меѓутоа утрово Ванда објави фотографија која донесе продолжување на сапуницата. Таа објави фотографија и покажа дека не носи бурма на раката.
„Многу повеќе ми се допаѓа мојата рака без прстен“, пишува покрај фотографијата.