Дома Македонски спорт Мак фудбал ФК Пелистер и официјално доби нов сопственик!

ФК Пелистер и официјално доби нов сопственик!

Битолски Пелистер и официјално има нов сопственик.

Најавите дека клубот ќе се стабилизира денес се потврдија. Пеце Стојчевски денес ги предаде документите на компанијата „Спорт Би“ која ќе се обиде да го врати клубот на местото каде што припаѓа. Претседател ќе биде Пеце Коруновски кој во последните години работеше за клубот како спортски директор.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Денес обезбедуваме стабилна иднина за ФК Пелистер. Задоволство ми е да соопштам дека фирмата „Спорт Биг“ со 75% од акциите е новиот сопственик на ФК Пелистер. Сите во клубот денес ги добија заостанатите плати. Наскоро ќе се формираме нова управувачка структура која ќе го води клубот кон највисоки дострели во Македонија, но и на европска сцена“, изјави Коруновски на прес-конференција.

Потврдено е дека 10% од акциите на клубот ќе поседуваат „Чкембари“.

„Првпат во историјата на битолскиот спорт навивачката група „Чкембари“ ги добива 10% ветените акции. Така во иднина ќе се слуша и нивниот глас во управувањето на клубот“, додаде Коруновски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Барселона го најде наследникот на Левандовски

Барселона сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантас…