Денешната понуда не е толку богата, а причината за тоа е завршувањето на натпреварите од квалификациите, па голем дел од клубовите кои даваат репрезентативци добија ден-два пауза. Ова е нашиот предлог тикет за денес.
Башакшехир – Бешикташ – ГГ3+ @ 2.05 во Mozzart
Новото коло во турската Супер лига се отвора со дуел на двата последни шампиони на оваа земја. Домаќините започнаа катастрофална и новата сезона ја отворија со четири последователни порази, а веќе во петтото коло успеаа да земат три бода и тоа против Фенербахче. Бешикташ е актуелен првак и тие до титула стигнаа благодарение на подобриот меѓусебен скор со Галатасарај, а имаа ист број бодови. Во новото првенствоцрно-белите од Истанбул освоија 17 бода од 8 кола и моментално се трети со бод помалку од Трабзон и два зад лидерот Фенербахче. Овде ние очекуваме ефикасен натпревар и предлагаме ГГ3+ со квота 2.05 во Mozzart.
Хофенхајм – Келн – ГГ4+ @ 2.40 во Bet365
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Се враќа и Бундеслигата, а 8-то коло од германскиот фудбалски шампионат се отвора со натпревар во Синсхајм. Хофенхајм го дочекува Келн. Ретко се случува Јарците толку добро да започнат и во првите седум кола доживеаа само еден пораз од Баерн Минхен. Од Хофенхајм дефинитивно очекувавме повеќе во досегашниот тек на сезоната. Тие моментално се на 11-то место, а победија само два пати во првите седум кола што е разочарувачки податок. Двете екипи знаат да изиграат ефикасно, па затоа предлагаме ГГ4+ со квота 2.40 во Bet365.
ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 4.92
Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk