После репрезентативната пауза викендов ќе се врати клупскиот фудбал, а со тоа и возбудувањата во ПМФЛ.
Веќе се распределени и судиите за натпреварите кои ќе се играат во петок и сабота. Утре ќе се сретнат Работнички и Скопје на Националната Арена, а во сабота ќе се одиграа преостанатите пет средби.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Најголемо внимание привлекува натпреварот помеѓу Академија Пандев и Шкендија кој се игра во Струмица.
НАТПРЕВАРИ И СУДИИ 10. КОЛО ПМФЛ
Работнички – Скопје: Ставрев Александар
Струга Трим Лум – Борец: Стојановски Марјан
Академија Пандев – Шкендија: Трпчевски Стојанче
Тиквеш – Шкупи: Стојчевски Игор
Ренова – Пелистер: Качевски Јован
Брегалница – Македонија Ѓорче Петров: Грујоски Александар
Сите натпревари се играат со почеток од 14:00 часот.