Maкедонскиот репрезентативец Енис Барди се врати на тренинзите со Леванте, но само за оние „војнички вежби“ бидејќи се уште е далеку од враќање на теренот.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Леванте на социјалните мрежи објави видео на кое Барди прави склекови со соиграчите. Меѓутоа сепак за негово враќање на терените има уште време и сега нема информации кога точно би можело да се случи.




Ќе потсетиме, повредата Барди ја заработи во претходниот септемврски циклус во мечот со Романија и од тогаш не одигра натпревар, еден месец е во аут. За Македонија не настапи на последните дуели со Лихтенштајн и Германија.
Buenos días 🤜🏻🤛🏻#LevanteGetafe ⚽️ pic.twitter.com/iwbG2n42fk
— Levante UD 🐸 (@LevanteUD) October 14, 2021