Дома Фудбал Новата ера на Њукасл ќе започне со Брендон Роџерс

Новата ера на Њукасл ќе започне со Брендон Роџерс

Њукасл неодамна доби нови, богати сопственици, па веднаш ќе започне со сериозна реконструкција на тимот.

Првиот потег што ќе го повлечат новите сопственици е на клупата да донесат етаблирано тренерско име.

Добро информираниот новинар, Џанлука ди Марцио, тврди дека прв кандидат за клупата е Брендан Роџерс. 48-годишниот стручњак во моментов го предводи тимот на Лестер, но Њукасл е спремен да ја плати откупната клаузула.

Доаѓањето во Њукасл за Роџерс може да биде голем предизвик со оглед на фактот дека клубот уште во јануари е спремен да потроши 250 милиони евра на трансфер пазарот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Само шест минути радост за Хал: Јакировиќ никако да стигне до победа

Хал направи пресврт против Ипсвич, но заврши со 2:2 и ја продолжи серијата без победа на о…