Aнглиските медиуми пренесуваат дека фудбалерот од средината на Барса до крајот на преодниот рок би можел да се пресели во Премиер лигата.
За заминувањето на Рафиња се пишува веќе долго време, во еден момент се појави и информација дака бил понуден на Арсенал, но денешното издание на „Дејли Експрес“ пренесува нови информации.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Наводно, за услугите на Рафиња Алкантара интерес покажале три клубови од Премиер лигата, Тотенхем, Арсенал и Ливерпул.
Рафиња за каталонскиот гигант запиша 78 настапи, но сигурно дека тој број би бил поголем доколку немаше проблеми со повредите. Шпанецот потекунува од популарната „Лас Масија“, настапуваше за вториот на Барселона, а помина и една сезона и во Селта.
Сепак, сеуште нема официјална потврда дека некој од споментите три клуба испратиле понуда до Барселона.