Дома Фудбал Репрезентации Пикси: Одиме во Португалија по победа за директен пласман на Мундијал

Пикси: Одиме во Португалија по победа за директен пласман на Мундијал

Репрезентацијата на Србија го победи Азербејџан со 3:1 и обезбеди пласман на Светското првенство во Катар.

Во последното коло Србија ќе има прилика со Португалија да се бори за директен пласман на Мундијалот. Селекторот на Србија Драган Стојковиќ Пикси потенцираше дека тој сака директен пласман на СП.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Не сум заинтересиран за калкулации, никогаш не сум бил. Од доаѓањето на селекторската позиција се концентрирав на на тимот и бев убеден дека до крај ќе бидеме во игра за пласман на СП. Кога ми кажаа дека се квалификувавме во баражот не бев многу заинтересиран. Одиме во Португалија по победа за прво место и директен пласман на СП“, изјави Стојковиќ.

Во овој момент Србија е на првото место со 17 бода, Португалија има 16 бода, но и натпревар помалку. Првата средба помеѓу Србија и Португалија во Белград заврши со 2:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Фудбалерот на Челзи изненади со пораката по голот против Тотенхем

Фудбалерите на Челзи вчера го совладаа тимот на Тотенхем со 2:0 во натпреварот од англиска…