Дома Трансфер зона Реал го користи Јовиќ за да дојде до Влаховиќ?

Реал го користи Јовиќ за да дојде до Влаховиќ?

Шпанските медиуми пишуваат дека Реал Мадрид не сака повеќе да смета на Лука Јовиќ, а планира да го искористи него за да добие друг српски репрезентативец.

Како што беше објавена и вчера, само денеска стигнаа повеќе детали. Реал планира да го понуди Јовиќ плус 40 милиони евра за да го добие Влаховиќ, кој игра неверојатно во дресот на Фиорентина.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јовиќ и претходно беше желба на клубот од Фиренца, а конечно италијанскиот клуб може да го добие и притоа да не го загуби Влаховиќ, кој јавно кажа дека не сака да остане во Фиорентина.

Рамадани би можел да го прифати предлогот на Перез, затоа што Фиорентина не може да смета на премногу пари за српскиот напаѓач бидејќи неговиот договор трае до 2023 година.

Освен Реал Мадрид, за потписот на Влаховиќ се заинтересирани и Атлетико Мадрид, Јувентус, но и неколку други англиски гиганти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

„Бомба“: Баерн Минхен го сака Ван Дајк

Фудбалерот на Ливерпул Вирџил ван Дајк размислува да го напушти клубот.  Ван Дајк нал…