Уште 12 дена остана до првото „Ел Класико“ оваа сезона.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Според формата Барселона дефинитивно нема да ја има улогата на фаворит против големиот ривал, без оглед на тоа со каква екипа ќе располага Куман до тогаш. Може да го охрабри враќањето на Демебеле и Агуеро кои сепак не се во полна физичка форма и прашање е колку ќе бидат спремни.




Она што Куман го загрижува е повредата на Араухо. Одличнот дефанзивец ќе мора да паузира две недели, а тоа значи дека ќе го пропушти дуелот со Реал.




Во дербито со „кралевите“ за Барса се очекува да настапи стоперскиот тандем Пике-Ерик Гарсија.