Дома Фудбал Репрезентации Италија подобра од Белгија во натпреварот за трето место во Лигата на Нации 🎥

Италија подобра од Белгија во натпреварот за трето место во Лигата на Нации 🎥

Денес во борбата за третото место од 15:00 часот се сретнаа поразените од двете полуфинални средби Италија и Белгија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во натпреварот за утеха во првото полувреме видовме по некоја шанса на двете страни, но мрежите мируваа. Италија до водство стигна на самиот старт на второто полувреме. Фудбалерот на Интер, Николо Барела со еден одличен волеј удар ја смести топката во мрежата.

После околу еден час игра Италија доби пенал. Сигурен реализатор на најсторгата казна беше Доменико Берарди. Се што направија Белгијците до крајот беше само ублажување на поразот, голот го постигна Де Кетелер во 86. минута.

Ќе потсетиме, вечерва со почеток во 20:45 часот во финалето од Лигата на Нации ќе се сретнат Шпанија и Франција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Французите ја растурија Шведска, Мбапе посакува да го испрати Меси во историја (Видео)

Фудбалската репрезентација на Франција лесно го победи Шведска во осминафиналето на Светск…