Дома Фудбал Франција Meси најави за кого би можел да гласа во изборот за „Златната топка“

Meси најави за кого би можел да гласа во изборот за „Златната топка“

Лионел Меси и оваа година е еден од фаворитите за освојување на „Златната топка“, а за медиумите Аргентинецот откри за кого тој ќе гласа.

Во петокот „Франс Фудбал“ ја објави листата од 30. Кандидати за „Златната топка“. Меси во интервјуто за „Л’Eкип“ ги издвои фудбалерите за кои би можел да гласа.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


„На листата имам двајца соиграчи за кои можам да гласам, Нејмар и Килијан. Потоа тука се Левандовски и Бензема кои имаа фантастична сезона. Тешко е да се прогнозира затоа што тимскиот успех значи многу за освојувањето на „Златната топка““, изјави фудбалерот на ПСЖ.

Победникот и освојувачот на „Златната топка“ ќе биде објавен на 29 ноември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

Реал Мадрид прв клуб кој продал над 3 милиони дресови за 12 месеци

Како што се ближи крајот на годината, фудбалските клубови ширум светот оценуваат не само с…