Дома Топ вести Милан сака да го „украде“ Брозовиќ од Интер

Милан сака да го „украде“ Брозовиќ од Интер

Марсело Брозовиќ е еден од најважните фудбалери на Интер, но неговиот договор со „нероаѕурите“ завршува следното лето.

Италијанските медиуми пренесуваат дека двете страни се далеку од договор за продолжување на соработката.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Имено, Брозовиќ моментално заработува 3,5 милиони евра и бара со новиот договор плата од 5,5 милиони евра, додека Интер не може да си дозволи такво зголемување.

Таквата ситуација сака да ја искористи Милан, кој е спремен да ги задоволи финансиските барања на Хрватот и да го донесе без обештетување.

Иднината на Франк Кеси во Милан е неизвесна, а тренерот Пиоли во Брозовиќ гледа идеална замена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…