Дома Фудбал Милевски: Не размислував на резултатот, важни беа трите бода

Милевски: Не размислував на резултатот, важни беа трите бода

Македонија вечерва забележа убедлива победа против Лихтенштајн, а секако после натпреварот задоволство истакна селекторот Милевски.

За Милевски најважно било да се победи во овој натпревар.

„Пред почетокот на натпреварот напоменав дека ќе пристапиме максимално сериозно. Не ми беше важно и не помислував било кој резултат. Важни ми беа трите бода, важно ми беше како ќе се однесуваат моите играчи, а тие го направија тоа што го видовме вечерва.“

„Напоменав дека ние сме во фаза на формирање на тим, во фаза сме на менување на физиономијата на тимот. Претходно кажав дека тимот се спрема за евроквалификациите за Евро 2024, овие квалификации ни служат за воигрување и ќе ја искористиме секоја шанса која ќе ни се укаже“.

„Во ниту еден момент не стравувме, момците од самиот почеток влегоа онака како што се договориме. Затоа сакам да им честитам на залагањето, сериозната и тоа што секој индивидуалец се стави во корист на тимот“, изјави селекторот.

Следниот натпревар Македонија го игра со Германија во понеделник (11. октомври) на домашен терен.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Конфликтите го поместија Азискиот куп: турнирот ќе се игра на крајот на 2027 година

Саудиска Арабија ќе го организира Азискиот куп од 23 декември 2027 до 21 јануари 2028 годи…