Дома Фудбал Роналдо прогласен за Играч на месецот во Премиер лигата

Роналдо прогласен за Играч на месецот во Премиер лигата

Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо е прогласен за најдобар играч за септември во Премиер лигата.

Роналдо се врати на „Олд Трафорд“ во последниот ден од преодниот рок и веднаш покажа дека ќе биде големо засилување за „црвените ѓаволи“.

Роналдо постигна три гола на три натпревари во септември, два гола против Њукасл и еден гол во драматичната победа над Вест Хем.

За Роналдо ова беше петто вакво признание и се изнеднчи со Вејн Руни и Робин ван Перси. Пред него се Стивен Џерард и Хари Кејн со по шест награди и Кун Агуеро со седум награди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Борнмут не знае за доста: Шест победи по ред, ниту еден примен гол!

Борнмут го совлада Лидс со 2-0 и ја продолжи извонредната серија. Трафорд му подари гол на…