Дома Македонски спорт Лоши вести: Сериозна повреда на Манасков, го чека долга пауза

Лоши вести: Сериозна повреда на Манасков, го чека долга пауза

Утрово ни пристигнуваат лоши вести од Унгарија. Македонскиот ракометен репрезентативец, Дејан Манасков заработил сериозна повреда во еден од последните натпревари за Веспрем.

Направените тестови покажале дека Манасков има скинати предни вкрстени лигаменти, плус повреда на страничните вкрстени лигаменти и ‘рскавицата. Поради тоа го чека долга пауза.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Се уште нема најава кога ќе се случи операцијата, но Манасков многу веројатно го чека пауза најмалку шест месеци. Тоа ќе биде проблем и за македонската репрезентација која на почетокот на следната година ја чека настап на ЕП.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Тен Хаг ги обвини фудбалерите и порача: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед!

Манчестер Јунајтед вчера доживеа вистински дебакл од 4:0, а по овој пораз на Островот овој…