Дома Македонски спорт Мак фудбал Елмас: Мораме да го добиеме мечот со Лихтенштајн🎥

Елмас: Мораме да го добиеме мечот со Лихтенштајн🎥

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас изјави дека репрезентацијата мора да го добие мечот со Лихтенштајн за да остане во игра за пласман на Светското првенство.

Сепак, Елмас знае дека треба да се подобрат многу аспекти од играта, а најмногу реализацијата.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


„Мораме да го добиеме мечот со Лихтенштајн за да останеме во игра за Светското првенство. Се спремаме добро, се надевам дека ќе се вратиме со три бода од Лихтенштајн. Мора да ги испочитуваме замислите на селекторот и да ја поправиме реализацијата заедно со неколку други детали од играта“.

„Не очекува еден тежок дуел, иако знаеме дека Лихтенштајн е дефанзивна екипа, се работи за компактен тим. Лихтенштајн не го гледаме како тест пред Германија. Наше е да одиграме според планот. Сакаме да ги освоиме шесте бода, ќе се обидеме да дојдеме до такво нешто“, изјави Елмас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Ракометарките поразени со 13 разлика во втората контролка со Австрија

Maкедонските ракометарки претрпеа пораз и во втората контролка со Австрија. Ако во првиот …