Дома Фудбал Ристовски: Нема полесен или потежок натпревар – да се покажеме во најдобро светло!

Ристовски: Нема полесен или потежок натпревар – да се покажеме во најдобро светло!

Пред фудбалската репрезентација се два важни натпревари во квалификациите за Светското првенство, Лихтенштајн и Германија.

Против Лихтенштајн ќе играме на гостински терен во петок на 8. октомври, додека Германија ќе ја пречекаме на 11. во Скопје. Напаѓачот Милан Ристовски го истакна првиот натпревар со Лихтенштајн како најважен.

„Натпреварот со Лихтејнштајн ќе биде најважен. Ако победиме на тој натпревар ќе влеземе против Германија со една добра атмосфера. Нема полесен или потежок натпревар, секој натпревар има своја тежина. Ние треба да го дадеме својот максимум, да се покажеме во вистинско светло и се надевам дека ќе остариме добар резултат. Кога играте за репрезентација, претставувате држава и притисок треба да има, секој фудбалер се носи со тоа“, изјави Ристовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Холандија ја растури Грција со 7-0: Хет-трик на Рејндерс!

Рејндерс постигна три гола до 33. минута, Тимбер додаде два, а Холандија ја испрати Грција…