Дома Трансфер зона Милан го купува „бисерот“ на Црвена Звезда

Милан го купува „бисерот“ на Црвена Звезда

Милан и Црвена Звезда постигнале начелен договор за трансфер на талентираниот Марко Лазетиќ, пренесуваат српските медиуми.

Наскоро директорот на Црвена Звезда, Терзиќ ќе има состанок со Паоло Малдини во Милано за да се договорат последните детали.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Лазетиќ има само 17 години и до сега одигра пет меча за Црвена Звезда, но тоа беше доволно за да го приметат скаутите на италијанскиот гигант.

Станува збор за талентиран напаѓач, кој го привлече вниманието со двата гола против Зенит во младинската Лига на шампиони.

Српските медиуми пренесуваат дека Милан за неговиот потпис со вклучени бонуси ќе плати 5 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…