Светската фудбалска федерација според најавите би можела своето седиште од Цирих да го пресели во Њујорк.
Цирих седиште на ФИФА е од 1932 година, претходно тоа беше Париз. Престолнината на Франција беше прв дом на светскиот фудбал после формирањето на организацијата во 1904 година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Главната причина поради која ФИФА би се преселила во Париз е маркетингот. Светската фудбалска федерација има проблем да донесе голем спонзор од САД после аферата со криминал и перење пари поради која Сеп Блатер беше сменет, а еден куп високи функционери завршија во притвор.
Тука е фактот што во 2026 година САД, Мексико и Канада ќе бидат домаќини на првиот Мундијал со 48 репрезентации и ФИФА сака тоа добро да го наплати со спонзори.