Дома Македонски спорт Мак фудбал ПМФЛ 9-коло: Пелистер и Тиквеш го играат „дербито на дното“, „лавовите“ сакаат излез од кризата

ПМФЛ 9-коло: Пелистер и Тиквеш го играат „дербито на дното“, „лавовите“ сакаат излез од кризата

Денес од 15:00 часот се играат натпревари од 9. коло во македонската прва лига.

Една од поинтересните средби се игра во Битола каде што ќе гостува Тиквеш. Кавадаречкиот тим предводен од Влатко Костов минатото коло одигра одличен натпревар победувајќи ја дома Македонија Ѓорче Петров со 3:0, па затоа влегува со големи очекувња во овој дуел. Пелистер од друга страна после осум кола се уште чека на првата победа оваа сезона. Битолчани се последни со биланс од три нерешени и пет порази. Пред нив е токму Тиквеш кој ја има таа една победа од минатото коло.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Бранителот на титулата Шкендија после слабиот старт изгледа како да фаќа ритам, иако се уште игра топло-ладно. Денес ќе го пречекаат Борец во Тетово и се надеваат на триумф и фаќање приклучок кон горниот дел на табелата. Борец е 10-ти со седум бода од осум натпревари, Шкендија е шеста со 11.

Македонија Ѓорче Петров против Ренова ќе бара излез од кризата, но Ренова сезонава е едно од изненадувањата и игра одлично. „Лавовите“ се во серија од три порази, додека Ренова е целосно спротивно – серија од три победи. Заедно со Шкупи се на врвот со по 17 бода. Поради формата може да се каже дека тетовскиот тим ќе има блага фаворитска улога.

Академија Пандев после добриот старт на последните два меча не знае за победа, сега ќе гостува кај Скопје и ќе биде фаворит за победа. Во последниот натпревар Брегалница во Штип ќе ја пречека Струга Трим Лум.

Работнички и Шкупи својот натпревар го играат утре.

ПМФЛ 9. КОЛО – 15:00 часот

Брегалница – Струга

ФК Скопје – Академија Пандев

Македонија Ѓ.П – Ренова

Пелистер – Тиквеш

Шкендија – Борец

Фото: Димитар Петковски

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Ракометарките поразени со 13 разлика во втората контролка со Австрија

Maкедонските ракометарки претрпеа пораз и во втората контролка со Австрија. Ако во првиот …