Дома Фудбал Англија Солскјер се жали на програмата: Ова е надвор од здравиот разум

Солскјер се жали на програмата: Ова е надвор од здравиот разум

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунер Солскјер се пожали на програмата во Премиер лигата.

„Црвените ѓаволи“ играа во Лигата на шампиони во среда, а утре во првиот термин ќе го пречекаат Евертон.

„Победа како таа против Виљареал дава додатна енергија. Меѓутоа, многу брзо треба да се рехабилитираме, бидејќи игравме во среда, а сега ќе играме сабота рано (12:30 по англиско време). Немам објаснување зошти треба да играме во тој термин, но тоа доаѓа од телевизијата се разбира“, изјави Солскјер.

„Ова е надвод од здравиот разум. Минатата година ни се случи исто кога бевме во Турција, игравме во сабота попладне. Ние и Челзи игравме во среда и требаше да играме во недела, а не во сабота“, додаде норвешкиот тренер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Крвава пресметка меѓу навивачи во Полска заврши трагично: Убиен млад човек, десет лица уапсени (ВИДЕО)

Нов случај на екстремно навивачко насилство ја потресе Полска. Во Краков викендов беше уби…